А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Самит на ЕУ со Македонија и Србија посветен на бегалската криза

by А1он25/10/2015 - 09:22145
Share0

Европската унија плус Република Македонија и Србија, денеска во Брисел ќе одржат мини-Самит посветен на бегалската криза, јави дописникот на МИА од Брисел.

Добивај вести на вибер

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов ќе ја претставува државата на овој итени состанок што пред три дена го свика претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, заедно со шефовите на државите и Владите на Австрија, Бугарија, Хрватска, Германија, Грција, Унгарија, Романија, Србија и Словенија.

Според најавите, Јункер денеска се очекува да претстави план од 16 точки за справување со бегалската криза, а според официјалната најава на Еврокомисиајта целта на овој мини-Самит е да се договорат заеднички оперативни заклучоци што ќе може веднаш да бидат спроведени. Според нацрт-документот што деновиве го објавија дел од германските медиуми, главна порака на денешниот мини-Самит што се очекува да заврши со заедничка декларација е европските земји да престанат со префрлање на мигранти кај соседните земји без претходни консултации.

Во тој контекст, веќе се најавуваат силни напади од страна на лидерите кон Грција, како од Македонија, така и од останатите земји чии лидери ќе бидат присутни на овој мини-Самит, а поради неконтролираното испуштање на бегалците од оваа земја кон Македонија, а кои потоа продолжуваат кон останатите земји на мигрантската рута. Но, се очекуваат судири и на Словенија со Хрватска, односно на Хрватска со Србија. Она што изненадува е отсуството на претставник на Турција, земја од Балканот и Европа што најмногу е погодена од бегалскиот бран, а поради тоа што првиот човек на Еврокомисијата не упати покана до претставник на турската држава.

– Со оглед на вонредната состојба во земјите од Западен Балкан во однос на миграцискиот пат, постои потреба за поголема соработка, поширока консултација и непосредна оперативна акција. Затоа, по разговорите со неколку лидери, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, организира лидерска средба на 25 октомври во Брисел, за да се разговара за приливот на бегалци по должината на рутата на Западен Балкан, се вели во официјалното соопштение на Еврокомисијата за ваа лидерска средба.

Инаку, мини-Самитот на ниво на шефови на држави или влади се очекува денеска да започне околу 16.00 часот и да трае три до четири часа, проследено со работна вечера на седиштето на Европската комисија во зградата “Берлемонт”.

Според најавата, присутни на лидерската средба, покрај шефовите на државите или владите на десетте држави што се најмногу погодени од мигрантската рута во Европа, на овој мини-Самит на ЕУ со Македонија и Србија, исто така ќе бидат присутни и претседателот на Европскиот совет, Диналд Туск, претставник на Луксембуршкото претседателството со Советот на ЕУ и на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации. Исто така, поканети се да присуствуваат на состанокот оваа лидери и претставници на Европската канцеларија за поддршка на азил (ЕКПА) и Европската агенција за управување со оперативна соработка на надворешните граници на земјите-членки на Европската унија (Фронтекс).

migranti

Би можело да ве интересира

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ16/12/2025 - 15:3016/12/2025 - 15:59

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите

Катерина Ѓуровски15/12/2025 - 13:02

Кузеска: Контра Резолуцијата е признание на ДПМНЕ-ЗНАМ дека постои договор мигранти за пари

Катерина Ѓуровски15/12/2025 - 11:31

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски14/12/2025 - 16:0614/12/2025 - 16:53

СДСМ: Власта ќе носи мигранти за пари од Британија, а ќе ги викаат „економски работници“

Горан Наумовски14/12/2025 - 15:5414/12/2025 - 16:00

Мицкоски: Не постои закана од мигрантски кампови, опозицијата ја дезинформира јавноста

Горан Наумовски14/12/2025 - 14:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен