Фетел казнет со десет места за следната трка

Од:

Германскиот возач на Ферари, Себастијан Фетел, е казнет и ќе мора да стартува десет позиции послабо од местото што ќе го обезбди во квалификациите. Казната е затоа што Ферари во Остин го тестираше новиот мотор за следната сезона, а Фетел веќе ја надмина дозволената бројка на мотори.

Ваквиот расплет секако најмногу му одговара на лидерот во генралниот пласман Луис Хамилтон, кој веќе на трката за Големата награда на САД во Тексас може да ја одбрани титулата. За да дојде до пехарот потребна му е победа, а Фетел да биде пласиран под второто место.

– Не е добро што ќе бидат далеку од врвот, но добро е што ќе имам „свеж“ мотор, изјави Фетел.

Фетел ќе го користи петтиот мотор сезонава, што е еден повеќе од дозволеното од Ф1, а истата казна веќе ја заработи и неговиот клупски колега Кими Раиконен.

Трката за ГН на САД се вози во недела.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он