Младите од СДММ спроведуваат кампања на социјалните мрежи, реакција на #МакедонијаСеМенува на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
Целта на кампањата е да се презентираат вистинските факти зошто Македонија треба да се менува, но не според желбите на владејачкиот подмладок, туку според потребите на сите млади, граѓани во Република Македонија.
Повеќе од 400.000 млади ја напуштија Македонија, се затвораат новинари, се тепаат студенти, се прикрива убиство на млад човек, студентските домови се во ужасна состојба, пратеници се исфрлаат од Собранието… ова се дел од пораките на приложените креативи.
Младите пишуваат коментари зошто се потребни промени во Македонија (во прилог се дел од објавите).
На хаш тагот #МакедонијаСеМенува може да ги погледнете сите објави.