Шансите за успех на Себастијан Фетел на трката за Големата Награда на САД се сведени на минимум откако возачот на Ферари заработи казна од десет позиции поради прекршување на правилото за моторот во болидот, откако Ферари реши за оваа трка да стави нов мотор во болидот, што е вкупно петти за италијанскиот тим сезонава, а дозволени се само четири.
-Точно е, добивам казна од десет места на стартот од трката во однос на квалификациите, но тоа не е некое големо изненадување. Тимскиот план беше да го усовршуваме моторот и во САД да се појавиме со петти мотор, без оглед на казната. Секој нов мотор е подобар од претходниот, момците работат напорно и со нетрпение ја очекуваме новата сезона, изјави Фетел.
Себастијан Фетел моментно е второпласиран во генералниот пласман со 236 бода, 66 помалку од Луис Хамилтон.