На претходните четири натпревар арсенал освои само четири бода, а и сега се спасуваа од нов срам во 9. коло од Премиер лигата откако обезбедија триумф над тимот на Квинс Парк Ренџерс во последните минути од средбата.
Микел Артета е спасителот на „топчиите“ откако погоди во 84. минута од натпреварот за конечен триумф од 1-0. Претходно КПР требаше да остане и со играч помалку, по исклучувањето во 80. минута на М’биа, за да Арсенал знае да дојде до трите бода.
Резултати:
Астон Вила – Норвич 1-1
Арсенал – КПР 1-0
Ридинг – Фулам 3-3
Стоук – Сандерленд 0-0
Виган – Вест Хем 2-1