Северна Ирска бара отштета од Либија за жртвите на „бомбашката кампања“

Од:

Северна Ирска бара отштета од властите во Либија за жртвите од „бомбашката кампања“ во годините на насилство и судирите меѓу локалните католици и протестанти во оваа британска покраина.

За ваквата намера расправаше Комитетот за Северна Ирска во британскиот Парламент, при што Либија беше обвинета за „спонзорирање“ на тероризмот за времето на власта на полковникот Моамер Гадафи,

Правните застапници на Белфаст во расправата инсистираа дека постои основа за покренување барање за компензација, затоа што Либија и Гадафи ја снабдувале паравоената Ирска републиканска армија (ИРА) со оружје, муниција и експлозви.

Според нивното објаснување, либискиот Семтекс експлозив, бил „клучното оружје“ во текот на повеќегодишната бомбашка кампања.

Планот е да се формира специјален фонд за компензација од Либија за сите жртви на насилството.

Либија веќе исплати отштета за американските жртви од тероризмот во годините кога Триполи беше означуван како главен спонзор на меѓународниот тероризам.

Со посебна спогодба, што ја постигнаа американаката Администрација во време на претседателот Бил Клинтон и Гадафи, со посредство на ОН, Либија исплати околу 3,2 милијарди долари за сите жртви од соборениот американски авион над шкотското место Локерби, како и за жртвите од терористичките напади на разни локаци, иако Триполи не беше обврзан да признае дека е одговорен за жртвите и дека стои зад сите терористички напади.

Велика Британија наплати од овој износ за жртвите од соборениот авион, но не и за жртвите во терористичките напади на ИРА во текот на „немирните“ години во Северна Ирска.

Последниот напад со автомобил-бомба, групата Привремена ИРА го изврши во август 1998 година во Ома во Северна Ирска, убивајќи триесетина жители на овој град.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Англија ја совлада Ирска

Хеликоптер удри во зграда во ирско село: Има голем број на жртви

Горан Наумовски

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

ВИДЕО: И Шпанија и Ирска објавија признавање на независна палестинска држава

Катерина Ѓуровски

Норвешка и Ирска ќе ја признаат Палестина