СДСМ: Бичиклиски нека бара злоупотреба на братучетски врски кај својот шеф

Од:

И после пет месеци ВМРО ДПМНЕ неможејќи да најде противкандидат на градоначалникот Заев, во својата немоќ продолжува да ја замајува јавноста со невистини и извитоперени лаги.

Општина Струмица работи исклучиво согласно законот и ако има било каква незаконитост во нејзиното работење, владеачката гарнитура на ВМРО ДПМНЕ нема да и прости – тоа го знае целата јавност. Фирмата Еленица од Струмица нема учествувано на ниту една јавна набавка по тендер распишан од Општина Струмица. За било какво неетичко и неморално однесување или како што милуваат да кажат корупција од страна на Заев и Општина Струмица, тие нема да држат прес конференции и отворено да ја лажат јавноста туку веднаш ќе пристапат со веќе добро познатиот нивен стил на поднесување на кривични пријави против Заев па дури и апсење.

Трајче Заев и фирмата Еленица се добро познати на струмичката јавност но исклучиво како донатори на тули за изградба на домови на социјално загрозени граѓани, повеќе од 20 цркви во целиот регион, џамии и слично. Тоа е добриот пример за врската на еден политичар со неговиот братучед , а ако сака Бичиклиски да посочи еклатантен пример на злоупотреба на братучетски врски тогаш не мора да оди далеку. Доволно е да се сврти кон неговиот шеф Груевски и неговите братучеди.

И за крај околу пустата желба на ВМРО ДПМНЕ за заминување на Заев од функцијата градоначалник, последниот збор го имаат граѓаните на општина Струмица. Тие граѓани знаат кој е кој во Струмица, а тоа добро го знаат и луѓето од ВМРО ДПМНЕ од нивните спроведени анкети.

Добрата иднина на Струмица се гледа и од сегашноста, а Заев продолжува со трасирање на патот кон уште подобра иднина на Струмица и струмичани. Ќе беше добро, таков начин на трасирање на патот кон иднината да избереше владејачката гарнитура во Република Македонија.

Соопштение на СДСМ на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Би можело да ве интересира

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

(ВИДЕО) Трајановски: Четири години на Митески и Муцунски во Аеродром се години на разочарувања и нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Шукова: Четири години разочарувања, секоја улицa, секое маало, сведочи за неуспехот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

(ВИДЕО) Кузеска: Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ е најнеспособна и најкорумпирана досега

(ВИДЕО) Куновски: Четири години битолчани се сведоци на недомаќинлук, аздисаност и лицемерие

(ВИДЕО) Кузеска: Општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ се претворија во епицентар на тендерски шеми и партиски злоупотреби на народните пари