Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година, денеска гостива во Данска каде што ќе го одиграат шестиот натпревар од групата „4“ во квалификациите за Европското првенство 2013.
Македонија досега во низа од 16 натпревари нема ниту еден пораз. Шансите да бидат најмалку втори и да обезбедат бараж за еврошампионатот во Израел се реални доколку и во Данска останат непоразени.
Натпреварот Данска – Македонија ќе се одигра во Алборг со почеток од 14 часот и 30 минути.
Вториот денешен натпревар од оваа група е во 20:00 часот, а во него ќе се соочат Фарски Острови – Србија.