Меѓународно признатиот Парламент на Либија го отфрли предлогот на Обединетите нации за формирање влада на национално единство.
Портпаролот на Парламентот Фараџ Абу Хашем изјави дека Законодавното собрание нема да ја потпише спогодбата за формирање влада на национално единство, бидејќи ОН одбиле да ги исфрлат измените предложени од исламистите власти, за кои тоа не дало согласност.
Меѓународно признатиот Парламент, чие седиште е во источниот град Тобрук, нагласи дека сепак ќе продолжи да учествува во мировните преговори со ривалските исламистички власти со седиште во Триполи, кои се водат со посредство на ОН.