Чешкиот претседател Милош Земан смета дека исламските бегалци нема да ги почитуваат „нашето право и обичаи“, туку ќе го практикуваат шеријатското право, неверните жени ќе ги каменуваат, на крадците ќе им ги сечат рацете, јави дописникот на МИА од Прага.
– Ќе ја изгубиме убавината на жените, бидејќи тие ќе бидат завиени во бурки од глава до пети, вклучувајќи го и лицето, каде имаат само една мрежа од материјал, рече Земан, кој е познат по своите изјави против бегалците за кои смета дека е најдобро да останат во своите земји.
Тој постојано изјавува дека мигрантите „мора да ги почитуваат правилата на земјата и ако не им се допаѓа треба да си одат“.
За него не постојат „умерени и радикални исламисти туку сите се делат муслимани и комунисти“.