Италијанската Воена морнарица пронајде тела на осуммина загинати имигранти и спаси 113 други од гумен чамец, со кој се обидувале да го поминат Средоземното Море.
Акцијата е извршена од бродот „Берсалиере“. Повеќе детали не се соопштени.
Италијанските военопоморски сили во саботата спасија 562 лица, кои се обидувале да стигнат до Европа со пет чамци.