ДУИ го назначи Беким Незири за шеф на Изборниот штаб за вонредните избори

Од:

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска на партиски собир во Скопскиот саем, го назначи Беким Незири, актуелениот министер за економија, за шеф на Централниот изборен штаб за вонредните избори закажани за 24 април, идната година.

– Македонија е во многу тешка криза и ние во ДУИ ја гледаме како можност за создавање на подобра иднина. Македонија е во момент на пресврт кој може да донесе решение за големите проблеми што ја мачат државата. Нашата партија од случувања оваа година излезе посилна. Создадовме доверба кај младите дека и во Македонија е можна иднина и благосостојба и не мора да ја бараат среќата надвор, рече Ахмети.

Незири истакна дека сите изборни штабови, од централниот до тие на локално ниво, кои бројат околу 15 илјади активисти, се подготвени за победа на ДУИ на наредните парламентарни избори.

На партискиот собир беа промовирани и претседателите на 34 општински штабови со околу 1.000 членови кои добија и насоки за работа.

На претходните избори шеф на Изборниот штаб на ДУИ беше министерот за образование и генерален секретар на партија Абдулаќим Адеми.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ