Полнети модри патлиџани со месо и пченка

Од:

Вкусни и убави за око …

Потребно е:
500 гр мешано мелено месо
1 клас пченка шеќерец
2 поголеми модри патлиџани
1 главица кромид
2 чешниња лук
4 зрели домати
150 гр грашок
прстофат оригано
1 китка свеж босилек
сол, бибер
100 гр кашкавал (што лесно се топи)
маслиново масло

Подготовка:
– Доматите прелијте ги со врела вода, излупете им ја лушпата и исецкајте ги на коцкички.

– Кромидот излупете го и ситно исецкајте го.

– Од класот пченка со помош на остар нож извадете ги сите зрна.

– На маслиново масло пропржете го кромидот, додадете ги месото, доматите, пченката, грашокот, посолете и оставете да се динста. Кога ќе омекне пченката, смесата е готова.

– Модрите патлиџани исечете ги на половина подолжина. Со лажица издабете им ја внатрешноста и наполнете ги со смесата од месо.

– Рерната загрејте ја на 180 целзиусови степени. Во тава ставете хартија за печење и наредете ги полнетите патлиџани. Испрскајте ги со маслиново масло и ставете ги да се печат во загреаната рерна околу 20 минути.

– Извадете ја тавата од рерна и патлиџаните посипете ги со изрендан кашкавал. Повторно вратете ја тавата во рерна и печете ги додека да се растопи кашкавалот.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска