Страчатела крем коцки

Од:

Вкусен кремаст колач …

Потребно е:
околу 300 гр млечни бисквити (Petite Beure)
млеко за потопување на бисквитите

за жолтиот фил:
1 л млеко
170 гр гриз
200 гр шеќер
2 жолчки
2 кесички ванилин шеќер
250 гр путер или маргарин

за страчатела филот:
500 мл слатка павлака
50 гр шлаг во прав
3 лажици шеќер
100 гр чоколадо

Подготовка:
– Прво подгответе го жолтиот фил. Во сад на рингла ставете ги да се варат млекото, шеќерот и ванилиниот шеќер. Оставете ги да почнат да вријат и почнете полека да го додавате гризот со постојано мешање. Смалете ја температурата  и варете го гризот 10-тина минути со повремено мешање.

– Тргнете го садот од рингла и додадете ги со мешање благо изматените јајца. Додадете го и путерот исечен на коцки, убаво измешајте и оставете да се излади на собна температура. Повремено измешајте за да не се фати коричка и филот да остане кремаст.

– Сега подгответе го страчатела филот. Во еден сад ставете ја слатката павлака и додадете го шеќерот и шлагот во прав и изматете. Додадете го крупно изренданото чоколадо и измешајте.

– Бисквитите потепете ги во млеко и наредете ги на правоаголна чинија 5х4 во редови. Над бисквитите распоредете го жолтиот фил. Над филот повторно наредете еден ред бисквити и сега нанесете го страчатела филот. Оставете 4 лажици од овој фил на страна. Наредете и трет ред од бисквитите и премачкајте ги со 4-те лажици од страчатела филот.

– Колачот ставете го фрижидер убаво да се излади, најубаво оставете го во фрижидер преку ноќ за да се стегнат филовите, да омекнат бисквитите и да се соединат вкусовите.

– Пред да го послужите исечете го на парчиња и декорирајте го со изрендано чоколадо.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска