(ВИДЕО) Вајгл: Македонија влегува во поголема криза доколку договорот не се реализира

Од:

Одложувањето на реализација на договорот од Пржино, предизвикува големи проблеми за Македонија. Ако договорот не биде имплементиран, Македононија ќе биде земја во криза, иако се надевавме дека кризата ќе биде надмината со овој договор, изјави европратеникот Вајгл, по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во седиштето на партијата.

Вајгл пристигна вчера попладне во Македонија и досега имаше средба со премиерот Никола Груевски, а јавноста на беше информирана за тоа. Вајгл се сретнал и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, како и министерот за надворешни работи.

Пред да замина ќе има средба и со вице премиерот Фатмир Бесими.

Тој им порача на медиумите дека се надева дека тие ќе го поддржат договорот од Пржино и дека ќе ги притиснат партиите да го испочитуваат. Додаде дека и понатаму ЕУ сака да гледа на Македонија како на кредибилен кандидат за членство.

Изрази жалење што немал време да се сретне со медиумите и граѓанските асоцијации, чија улога, рече, многу ја почитува.

Маја Васева

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС не нуди решенија, туку борба за власт

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица