Писмото на композиторот Волфганг Амадеус Моцарт до неговиот пријател е продадено на уакција во Бостон за 217.000 долари.
Бостонската аукциска куќа ПП соопшти дека писмото на едната страна на германски јазик е упатено во 1786 година на ботничарот Николаус Џозеф фон Жакен, близок пријател на Моцарт.
Во писмото се бара од Жакен да испрати курир да врати три партитури „Квартет во Г мол, Соната во Еб и Ново трио во Г“.
Аукциската куќа не го наведе идентитетот на купувачот.
Директорот на аукциската куќа ПП рече дека писмата на Моцарт се меѓу најбараните работи кои ги купуваат колекционерите.