Спасески: Продолжува традицијата Македонија да организира големи шаховски натпреварувања

Од:

На два дена до почетокот на 31. Европски клупски куп (ЕКК) во шах, кој во организација на општината Карпош, ШК Гамбит Асеко СЕЕ и на Шаховската федерација на Македонија (ШФМ) ќе се игра во Скопје, денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа прес-конфереција на која директорот Марјан Спасески рече дека организацијата на ова натпреварување е уште едно признание за репутацијата на Македонија во европскиот шах.

– Македонија, градот Скопје и општината Карпош уште еднаш ќе бидат домаќини на натпреварување од највисок ранг. Имено со добивањето на организацијата на ваква квалитетна и масовна шаховска манифестација (ЕКК во шах е како Лигата на шампионите во фудбал), Македонија ja продолжи традицијата на организација на најголемите светски собири на играта на црно-белите полиња. Досега во Македонија беа организирани Шаховска олимпијада во Скопје (1972 година), Балканијада во Скопје (1984), Европско поединечно првенство во Охрид (2001), како и ЕКК во Охрид (2009), истакна Спасески.

Претседателот на ШФМ  Благоја Богоевски истакна дека е огромно задоволство да  имате 25 од 30-те најдобри  на листата и дека претстојниот ЕКК во шах  може да биде причина за апликација на Македонија за домаќин на уште една шаховска олимпијада.

Свеченото отворање е в сабота од 17 часот во хотелот „Александар палас“. Пред хотелот ќе има видео бим на кој ќе може да се следи сѐ што се случува во салата за играње. Во салата ќе има и девет камери, а вкупно 60 партии ќе можат да се следат во живо на Интернет, при што се очекуваат дневно над 100.000 посетители, преку познатиот шаховски спортски канал chess.com. Тие ќе бидат коментирани во живо од велемајсторите Борки Предојевиќ од БиХ и Сандра Ѓукиќ од Србија.

Ќе има и прес-центар, каде што ќе можат да се добиваат изјави и информации од шахистите.

На ЕКК ќе играат и пет поранешни светски прваци, и тоа Русинот Владимир Крамник, Бугаринот Веселин Топалов, Русинката Александра Костењук, Бугарката Антоанета Стефанова и Украинката Ана Ушенина.

Кај шахистите се пријавени 110 велемајстори (ВМ) или вкупно 235 со титули, а во женска осум (41).

Би можело да ве интересира

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

ВИДЕО: Русинка ја отру противничката на шаховски турнир, надзорните камери снимија се

Титулата е одбранета: Шахистите на Алкалоид повторно до шампионскиот наслов!

Горан Наумовски

Шаховската сезона продолжува со отворените првенства на Македонија – ИМ Панчевски и ИМ Коскоска се први носители

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина