Интернетот станува главна арена за борба против терористичките закани, изјави австралискиот премиер Малком Турнбул, пренесува ТАСС.
– Интернетот доби голема улога, се случуваат големи технички промени, но тие упатуваат се поголеми безбедносни предивици, изјави премиерот на конференција за борба против тероризмот во Канбера.
Турнбул нагласи дека екстремистите активно ги користат социјалните мрежи за пропаганда и врбување на млади членови.
Стануваме сведоци на екстремизам и радикализирање на сосема млади луѓе, кои ги сметаме за деца. Тоа е реална закана за земјата и буди страв кај сите Австралијци, вклучително кај сите австралиски муслимани, истакна тој.
Минатата недела австралиската полиција спроведе рација во западните делови на Сиднеј и уапси петмина млади на возраст меѓу 16 и 24 години, осомничени за учество во подготовка на кривично дело.