ВМРО-ДПМНЕ прифатиле се што до сега отфрлаа за изборните правила

Од:

Иако меѓу четирите партии денеска не беше постигнат договор за изборниот законик, сепак ВМРО-ДПМНЕ прифатиле речиси се што изминатиов период отфрлаа како неприфатливо, велат извори од преговарачката маса.

-Тајмингот е индикативен. Денеска прифатија се на кое што остро се спротивставуваа изминатиов период. Претходните недели беа џабе изгубено време – велат извори.

Како што и претходно рече посредувачот, Питер Ванхауте, договор не е постигнат само затоа што опозицијата ги напуштила преговорите испровоцирана од одлуката да се преполови тимот на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Од тие причини за СДСМ ништо не е договорено, велат дека договорот од Пржино е погазен, прекршен и неактивен повеќе. Поради тоа, додаваат, беспредметно е да се зборува за изборниот законик.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, денеска ги соопшти деталите од преговорите. Владејачката партија ги прифатила барањата на опозицијата еден глас во дијаспората да се третира како еден глас во Македонија. Се согласиле дијаспората да биде една изборна единица и пратеник да се бира со цензус. Со ваков договор дијаспората ќе може да добие пратеник само со околу 6.400 гласа, односно со минимален број гласови во изборна единица во Македонија. Најмал број гласови има во изборна единица шест, каде пратеник се избира со нешто повеќе од 6.000 гласа.

Наводно договорено било избирачкиот список да се прочистува теренски и со вкрстена проверка во дата базите на институциите. Теренски би се проверил во спорните делови, а не на цела територија. Исто така било договорено одлучувањето на ДИК да биде консензуално, а доколку нема консензус, да се поднесуваат жалби до Управен суд.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус