БИБЛ постигна тригодишен договор со СИГАЛ-УНИКА

Од:

Балканската регионална кошаркарска лига почнувајќи од сезоната 2015/16 следните три години ќе има ново име, СИГАЛ – УНИКА Балканска Лига.

На почетокот на месецов, менаџментот на БИБЛ постигна тригодишен договор со СИГАЛ – УНИКА, членка на австриската UNIQA Insurance Group.

– Ние, како БИБЛ, сме навистина горди што компанија со репутација и големина на СИГАЛ УНИКА Групацијата се согласи да соработува со овој балкански проект и ни дада можност да го носиме нивното име во следните три години. Тоа само покажува и докажува дека иако Балканската лига е присутна само во овој регион, со добра организација и бенефит за локалните заедници преку развој на спортот, БИБЛ ја стекна довербата на овој познат бренд. Би сакал да ја изразам мојата благодарност до СИГАЛ УНИКА, особено до господинот Авни Понари, кој е наш добар пријател и пријател на кошарката, изјави Шај Штрикс, спортски директор на БИБЛ.

Задоволство од постигнатиот договор за соработка на денешната прес-конференција искажа и Авни Понари, главен извршен директор на СИГАЛ – УНИКА и претседател на Албанската кошаркарска федерација.

– Сигал Уника е бренд кој верува во важноста на спортот, како начин да се изгради синергија меѓу луѓето. Кошарката е спорт кој води кон развој на социјални вештини, почит, зајакнување, интегритет, истите вредности кои ги поседува СИГАЛ УНИКА. Поради тоа сме навистина горди да ја најавиме соработката со БИБЛ Кошаркарската лига и ни е навистина задоволство што таа ќе биде наречена СИГАЛ – УНИКА Балканска лига, рече Понари.

Оваа година, во лигата ќе учествуваат три тимови од Кожув од Македонија, по три екипи од Црна Гора и од Косово, и два од Бугарија.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос