Конференција за слобoдата на изразување во Стразбур

Од:

Околу 300 учесници се поканети на дводневната конференцијата во Стразбур на која разговараат за сериозните импликации за слободата на изразување по неодамнешните настани како што се убиствата на новинари на Шарли Ебдо, извршени во Париз во јануари, но и воопшто за слободата за изразување.

Адвокатот на весникот Шарли Ебдо, Ричард Малка, е еден од говорниците, заедно со судиите Европскиот суд за човекови права, судиите на националните судови, новинари и претставници на организации на одбраната на слободата медиумите, владите и меѓународните организации.

Учесниците на конференцијата ќе си постават прашање, дали Европа не се лизгаа кон криминализација на слободата на изразување, како одговор на говорот на омраза. Тие, исто така се запрашаат за средствата за борбата против тероризмот, со истовремено почитување на слободата на изразување на интернет, како и влијанието на масовен надзор на слобода на изразување.

Денеска Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, ќе ги претстави пред новинарите ефектите од платформата која Советот на Европа ја направи за да се зајакне заштитата на новинарите и нивната и на безбедност, создадена неодамна од страна на Советот на Европа за да се олесни брзо ширење на предупредувања за закани врз новинарите и се овозможи ефикасна превентивна акција.

Меѓу предложените теми на кои ќе се дебатира на конференцијата е и темата за „Декриптирање на влоговите и евалуација на последиците од масовното прислушување за слободата на изразување“.

Конференцијата беше отворена, од страна на генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд, амбасадорот на БиХ Алмир Саховиќ, како претставник на претседателството на Комитетот на министри на Советот на Европа, претседателот на Уставниот суд Турција, Зухту Арслан, Комесарот за човекови права, Нилс Мужниекс, Претставникот на ОБСЕ за Слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ, како и претставникот на германската федерална влада за политиката човековите права и хуманитарна помош, Кристоф Штрасер.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Стразбур во февруари ќе соопшти дали важат помилувањата од експретседателот Ѓорѓе Иванов

Кристијан Ландов

Стразбур ќе ја тужи француската држава за нејзиниот „неуспех“ да ги згрижи луѓето кои се на улица

А1он

Комшиите од Градски ѕид ќе тужат во Стразбур ако се изградат кулите на паркингот кај „Холидеј ин“

Жарко Настоски