Столтенберг: Руската поддршка за Асад само ќе ја продолжи војната во Сирија

Од:

Континуираната руска поддршка за сирискиот претседател Башарал  Асад само ќе ја продолжи војната во Сирија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

– Русија би требало да игра конструктивна улога во борбата против „Исламска држава“, но нејзината поддршка за режимот на Асад не е конструктивна. Со тоа само се продолжува војната во Сирија, изјави Столтенберг во обраќањето на пленарната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во норвешкиот град Ставангер.

Тој призна дека „во моментов политичко решение во Сирија се чини дека е неостварлив и не многу реално“, но истакна дека тоа „нема алтернатива”, пренесе ТАСС.

Би можело да ве интересира

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион

Првата руска вакцина против рак, почнаа клинички испитувања

Предраг Петровиќ

Освен Кина, Русија има уште еден моќен сојузник

Предраг Петровиќ