Шанса за независност

Од:

Независимаја газета – Москва

Во калеидоскопот на блискоисточните случувања се поголема улога игра курдскиот фактор – политичкиот и силен потенцијал на тој над триесетмилионски народ, разделен со граници помеѓу неколку држави од регионот.

Централните власти во тие држави традиционално ги гледаат курдите како етничко малцинство склоно кон сепаратизам и се случуваше да не избираат методи за сопирање на тој стремеж. На пример, Садам Хусеин против курдите користеше хемиско оружје. Според самите курди, овие напади одзеле 180 илјади животи.

Во предвоена Сирија состојбата на курдското малцинство исто е далеку од идеално. И не треба да изненадува што курдите при првата можност се дигнаа против Хусеин, за да стапат во сојуз со коалицијата предводена од САД. Истото се обидоа да го офрлат осилото од Дамаск веднаш штом започна дестабилизацијата во Сирија и Башар Асад изгуби влијаните врз настаните во поголемиот дел од земјата.

Поинаку стојат работите во Турција, каде со политичките преобразби се смени и состојбата на потиснатост на курдите. Од неколку причини. Прво, Реџеп Таип Ердоган дојде на власт под лузунгот за исламска солидарност, кое претпоставуваше поширок дијалог со истоверниците. Второ, во истото време се активизираа преговорите на Анкара со Брисел за приклучување кон ЕУ и со милоста кон курдите новиот премиер се обиде да демонстрира добри односи кон етничкото малцинство – тоа беше меѓу клулните прашања на дневниот ред на преговорите.

Но главен мотив всушност беше фактот дека изгледаше невозможно курдскиот проблем и понатаму да се занемарува. Курдите видливо се радикализираа, партизанското движење добиваше на сила, зачестија судирите на Курдската работничка партија (ПКК) со ерменски и полициски сили.

При секоја состојба на промена на ситуацијата кои ги спроведуваше Ердоган, беа чекор напред во споредба со претходнит пат на Анкара. За споредба доскора курдскиот јазик беше забранет и власта тврдеше дека курди нема – има планински турци; но денес прокурдската политичка партија држи 80 места во парламентот на Турција. Но пред се се смени и са миг позицијата дека сириските и ирачките региони населени со нивни сонародници, треба да се управуваат соодветно и од Дамаск и од Багдад, а создавањето на независен Курдистан е недозволиво. Поради опасноста дека новата држава нема да е многу пријателски настроена кон Турција и ќе стане нејзин политички конкурент. И упте посилната опасност – нејзината појава да ги засили сепаратистичките нагласи меѓу курдите во Турција.

При апсењето на водачот на ПКК, Абдула Оџалан и трансграничните операции против ирачките курди Анкара објаснуваше дека води борба со тероризмот. А прашани зошто Турција им забранува на курдските доброволци (кои се впрочем незадолжителни воени обврзници) да заминуваат за северна Сирија кога борци на забранетата во Русија организација Исламска држава дивее во Кобане, турски официјални лица даваа многу нејасни одговори.

Претпоставката дека Анкара соработува со ИД беше и порано во сила. Каао докази се истакнуваа зделките со нафтени достави и фактот што скоро 100 проценти од оние кои сакаат да се вклучат во исламската организација доаѓаат од контролираните од неа земји преку Турција. Според многу набљудувачи интересот на Анкара кон радикалите се должи токму на слепата омраза кон курдите, кои застанаа против ИД уште од самиот почеток, а исто и кон шиитите, посебно алавитите, како што е Асад. Врпочем и во двата случаи антипатиите на ИД се совпаднаа со турските – во Сирија, Анкара постојано се залага за сунитската опозиција и упорно кажува дека сирискиот лидер треба да се повлече.

Флертот со ИД всушност се одрази лошо по Турците. Земјата беше на работ на граѓанска војна по терористичкиот атентат на џихадист самоубиец од ИД на 20 јули во камп на турска територија – таму се собрале курдски доброволци решени да им помогнат на сонародниците во соседен Кобане, но принудени да сопрат заради недозволувањето на турските власти да ги пуштат преку границата. Инцидентото ги разгневи курдите. Обвиненијата дека Турција соработува со ИД добија нова сила, а групи од ПКК пак почнаа да напаѓаат армиски објекти.

Оваа реакција од друга страна ги збесна турските радикали. Не е тајна дека во Турција одамна се традиција етнички погорми. Во април годинава се навршија 100 години од почетокот на геноцидот врз ерменци, грци и асиријци, во која курдите сунити учествуваа најкативно на страната на османлиските власти. Во текот на летото пак во Турција се дигна бран напади против курди. истовремено турските владини сили постојано напаѓаат ограноци на ПКК во Турција, користејќи и воена авијација.

Ќе одбележам и дека веднаш по експлозијата во кампот полетани по тревога турски ловци удрија во Сирија врз позициите на ИД – и како што вели логика – на тоа возвратија герилските крудски востаници кои се дел од организацијата.

Додека стремежот на курдите во Турција е да ги гарантираат своите интереси во рамките на унитарната држава, нвините сонародници во постсадамов Ирак имаат автономен статус и само формално се потчинети на центарлното раководство. Во пракса Багдад не им пречи да водат самостојна внатрешна и надворешна политика. Сириските круди фактички истоп се независни, иако тоа не е потврдено со нивен официјален статус.

Неодамна безбедноста на тие две формации беше во опасност од дејствијата на војските на ИД. Сируацијата всушност беше спасена со директна достава на оружје од САД и Европа, активна дејност на странски воени специјалисти и воздушни удари против позициите на ИД. Во тој конетскт во светот не сопираат дискусиите какви чекрои реба да се преземат во борбата со ИД. Независно од тоа што напаѓачките ресурси на организацијата изгледа суштински ослабен, во блиска перспектива ИД неспорно останува многу сериозна закана за безбедноста на курдите. Ако всушност го земеме во предвид формирањето на баланс на силите, вклучително и сериозна меѓународна поддршка, се отвараат доста големи шанси ирачките и сириските курди да опстојат на заземените позиции.

Од друга страна е јасно дека само со воздушни удари нема како да се разбие организацијата и во врска со тоа на различни сцени се зборува се почесто за потребата од од копнена операција. Најрифатлива варијанта веројатно би била да се формира коалиција од локални сили – со најширока военотехничка и финансиска поддршка меѓународната заедница. Курдските делови би станале важен составен дел тие војски; тоа би ги втурнало кон уште потесна соработка со меѓународната заедница, кое со текот на времето ќе се конвертира и во нешто квалитативно различно, на пример, признавање на независни ирачки и сириски Курдистан. Западот во целина има намера да ја поддржи таквата независност, но не токму сега. Прво курдите треба да си ја доиграат улогата за обезвреднување на ИД.

Ако се појави на картата независна курдска држава, тоа доста ќе го промени балансот на силите во регионот. Во Сирја и Ирак живеат блзу 10 милиони курди, уште најмалку 23 милиони има во Турција и во Иран. Па Анкара и Техеран нема баш многу да бидат восхитени од новото соседство. Затоа пак развојот на ситуацијата во тој дух ќе донесе корист за САД. затоа што Вашингтон ќе добие лојално настроена муслиманска држава во еден така сложен регион, и таа ќе се потпира само на американската помош. При потреба, тие ќе можат да ја искористат како инструмент за дејствување против Иран и против понекогаш силно тврдоглавата Турција. Освен тоа во последните години се засилува политичата и економската соработка меѓу курдите и главниот сојузник на САД на Блискиот исток израел, кој неспорно има интерес од појава на влијателен партнер во регионот.

Тезата дека треба да се поддржат курдите беше застапувана и од претсавници високи во раководството на Руската федерација. Се исцртува перспектива Москва и Вашингтон да постигнат консензус по прашањата кои ги засегаат дејствијата против ИД, и соработката по курдските проблеми може да создаде уште едан допирна точка.

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка