Во рамките на 6-тата сезона на Модниот Викенд Скопје, познатиот македонски моден дизајнер Никола Ефтимов, на алтернативен и интересен начин ја претстави својата нова колекција. Во студиото на креаторот беа изложени фотографии, направени од AD Photography, чиј фокус беа моделите од новата колекција – My Own Private Shangri-La.
Cтанува збор за колекција која поставува прашања за иднината на дизајнерската работа и обид да се направи спој меѓу индустрискиот пристап и традиционалните техники на ателјеата за висока мода (Post-industrial Couture).