СДСМ: Скандалозно е што Груевски врши притисок врз Катица Јанева

Од:

„Мега скандал е тоа што документи од специјалната јавна обвинителка, кои биле доставени до Советот на јавни обвинители, се надоа кај медиуми под контрола на Груевски, Прес 24, Курир, Сител…

Објавени се план за работа на специјалната обвинителка, персонален план, финансиски план! Посочените медиуми знаат и дека документите биле доставени до Владата!

Скандалозно, објавени се текстови во коишто се наведуваат законски одредби за хипотетичка одговорност на специјалната јавна обвинителка, која сеуште не почнала ни да работи.

Ова се примери на директни недозволиви притисоци на Груевски врз специјалната јавна обвинителка, која треба да почне да ги работи на случаите поврзани со прислушувањето и делата што произлегуваат од него“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците