Една година од убиството на Мартин Нешкоски

Од:

Пред една година беше убиен младиот Мартин Нешкоски, на прославата на ВМРО-ДПМНЕ за изборната победа.

Групата „Стоп на полициската бруталност“, преку социјалните мрежи упати повик вечерва во 21:00 часот, да се запали свеќа на местото на злосторството како потсетување, дека мина една година од убиството на Мартин Нешкоски.

Во среда, на 6. јуни со почеток во 18:00 часот, од платото позади Мајка Тереза се оди на протестна прошетка по следнава маршрута: Рекорд – Полициска Станица Беко, ул. Македонија, ул. Мито Хаџивасилев Јасмин – МВР – бул. Кочо Рацин – Собрание на РМ – Плато Мајка Тереза.

„Со оваа протестна демонстрација, сакаме да потсетиме дека по немилиот настан на 06.06.2011 година, кога Мартин Нешкоски падна како жртва на бруталноста од страна на припадник на специјалните единици на МВР, низ улиците на Скопје заживеа јасна критичка свест која во Министерството за внатрешни работи лоцираше одговорност за долгогодишна репресија врз граѓаните на Република Македонија“, стои во повикот.

„По една година, веќе се помиривме со нечовечноста на чиновниците на репресивниот систем како Гордана Јанкуловска и Иво Котевски, кои продолжуваат со градењето на нивните професионални и политички кариери без трошка грижа на совест за нивниот обид да ја излажат јавноста, но никогаш нема да се помириме со постоењето на полициски единици кои се неотчетни кон граѓаните и кои се постојана закана за нашата лична безбедност.

Мартин беше убиен од специјалецот Игор Спасов, неговото семејство се уште бара одговори, кој стои зад убиството, зошто МВР не ги извести, туку за убиството дознале од медиумите, зошто надлежните во МВР криеја еден ден дека се случило убиство на изборната прослава.

Таткото на Мартин не можејќи да ја издржи болката, пред еден месец посегна по својот живот.

Би можело да ве интересира

Братот на исчезнатиот Македонец во Грција бара помош од Владата и МНР: Веруваме дека е жив, потрагата не смее да запре

Ландов

Спасовски: Да не шпекулираме за бегството на Спасов, истрагата нека ја утврди одговорноста

Ана Ололовска

Спасовски: Да одговорат обвинителот и судијата врз кои проценки е дозволено Спасов да ја прекине затворската казна

Ана Ололовска

Игор Спасов, убиецот на Нешкоски, избегал во Турција?

Мери Јордановска

Штипскиот суд преку соопштение ќе информира за случајот со бегалецот Игор Спасов

Ана Ололовска

Заев: Очекувам истрагата да покаже каде е Игор Спасов

Ана Ололовска