Поддршка за либиската влада на национално единство

Од:

Франција, Германија, Италија, Шпанија, Велика Британија и САД ја поддржаа владата на национално единство во Либија, предложена од ОН со цел да се стави крај на конфликтот меѓу двете ривалски влади во земјата.

– Одложувањето формирање влада на единство само ќе го пролонгира страдањето на либискиот народ и ќе им користи на терористите, се наведува во заедничкото соопштение на овие земји.

Во соопштението се додава дека меѓународната заедница ќе застане зад владата на национално единство, на која и претстои тешка задача за возпоставување мир и стабилност во Либија, како и дека ќе бидат изолирани оние кои нема да го почитуваат тој договор.

Пратеникот на Обединетите нации за Либија Бернандино Леон во четвртокот соопшти дека во таа земја е формирана влада на национално единство, по долготрајните и тешки преговори, кои ставија крај на повеќемесечното двовластие во Либија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски