Овој вкусен колач брзо ќе го подготвите …
Потребно е:
500 гр мелени лешници
500 мл млеко
12-13 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
6 јајца
3 лажици какао во прав
6 лажици брашно
2 лажичиња прашок за пециво
Подготовка:
– Одвоите ги жолчките од белките. Изматете ги жолчките со 8 лажици шеќер.
– Посебно изматете ги белките во густ шлаг.
– Во изматените жолчки додадете ги брашното со прашокот за пециво, 3 лажици млеко и убаво измешајте. Потоа додадете ги изматените белки и полека измешајте со дрвена лажица. На крај додадете 200 гр мелени лешници и повторно измешајте.
– Смесата сипете ја во тава обложена со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 15 минути.
– Во 500 мл млеко ставете 4 лажици шеќер и 1 ванилин шеќер и оставете да почне да врие. Додадете 300 гр мелени лешници и мешајте додека да се згусне. Оставете да се излади.
– Во сад на рингла ставете 3 лажици млеко и 3 лажици какао на тивко варете го додека да дбиете хомогена смеса.
– Потоа додадете ја во смесата со лешници и измешајте. Со ова премачкајте го изладениот колач.
– Најубаво е колачот да го оставите преку ноќ и утредента да го пресечете и послужите.