Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги осудува нападите и навредите врз интегритетот и личноста на нивните пратеници

Од:

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува „континуираните и синхронизирани напади и навреди врз интегритетот и личноста на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ организирани токму од СДСМ, како и ширење на невистини, конструкции и дрски лаги за нивниот приватен живот од страна на медиумите, порталите и новинарите кои што одработуваат за СДСМ“.

– Посебно сме згрозени кога предмет на ваков напад се припаднички на понежниот пол. Тоа доволно зборува во каква кал и колку ниско е закопан СДСМ. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ смета дека ова непрофесионално, нечовечко и неетичко однесување на одредени медиуми и новинари воопшто не е наивно, туку дека претставува конструирана и добро смислена кампања за оцрнување и ширење на лаги и измислици за пратениците од редовите на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Крајно лицемерни и дрски, се нагласува, се обидите на СДСМ да се претстават пред граѓаните како нормална партија, а од друга страна се занимаваат со вакви ниски и подли конструкции и лаги кои задираат во приватниот живот на пратениците и политичарите, а особено во приватниот живот на жените кои се занимаваат со политика.

– Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ апелираме во иднина медиумите и новинарите блиски до СДСМ и опозицијата да престанат да се занимаваат со навреди, омаловажувања, потценувања, ширење на лаги и манипулации и конечно да започнат да ја работат својата работа професионално и коректно, бидејќи граѓаните веќе оддамна ги прочитаа ваквите нивни очајнички обиди за ширење на невистини, лаги и манипулации, се доодава во соопштението од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус