Две мигрантки се породија на Клиниката за гинекологија и акушерство

Од:

Во текот на изминатите 24 часа на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје се породија две пациентки со статус мигрантки.

Ова денеска го изјави Ирена Алексиоска Папестиев од Клиниката за гинекологија и акушерство, која рече дека тие се првите мигрантки породени на Клиниката за гинекологија и акушерство. Со нив вкупниот број мигрантки породени во Македонија изнесува 7.

Посочи дека првата пациентка е од Сирија, на возраст од 25 години, се породила вчера спонтано и е прворотка. Таа родила машко бебе со родилна телесна маса од 2,5 килограми и должина 47 сантиметри, кое е во одлична состојба.

– Кај мајката уште на приемот се забележаа клинички знаци за длабока венска тромбоза на долниот лев екстремитет која даде податок дека била хоспитализирана пред четири дена во Атина, од страна на гинеколог и трансфузиолог е поставена дијагнозата за длабока венска тромбоза и е дадена антикоагулантна терапија. Кај нас повикан е конзилијарен трансфузиолог и е продолжено со терапијата, рече Алексиоска Папестиев и додаде дека пациентката и новороденчето се во стабилна состојба.

Нагласи дека втората пациентка е од Авганистан, на возраст од 21 година и е треторотка. Таа родила спонтано машко дете со тежина од 3,1 килограми и должина 50 сантиметри. Пациентката и бебето се во добра општа состојба.

– Со двете пациентки на Клиниката е постапено крајно професионално и хумано. Отежнувачка околност беше јазичната бариера затоа што тие не говорат англиски, но и во ваков случај персоналот успеа одлично да се справи и да излезе во пресрет на нивните барања. За двете пациентки цело време беа известени нашиот психолог и социјален работник кои постојано беа во нивна придружба, рече Алексиоска Папестиев.

Додаде дека пациентките со статус мигрантки на Клиниката за гинекологија и акушерство биле донесени од Црвениот крст. Сиријката била испратена од кампот во Куманово, а Авганистанката дошла со семејството.

Би можело да ве интересира

Пронајдени тела на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис

30.000 деца-мигранти годинава се обиделе да го преминат смртоносниот Панамски теснец

11 лица од Непал сакале илегално да влезат од Македонија во Грција – депортирани се

Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија