Картер го осуди неодговорното однесување на Русија во Сирија

Од:

Американскиот министер за одбрана Ештон Картер го осуди однесувањето на Русија во Сирија како неодговорно и одредено на неуспех.

– Ние нема да се согласиме да соработуваме со Русија се додека таа продолжува да спроведува погрешна стратегија, истакна Картер по средбата на министрите за одбрана на земјите од НАТО во Брисел.

Тој го оцени однесувањето на руските вооружени сили како „се понепрофесионално“.

Картер предупреди дека „ова однесување ќе има последици за Русија, за која постои опасност од напад против себе си. Јас очекувам во следните денови Русите да започнат да губат човечки животи во Сирија, прогнозира американскиот министер.

Картер нагласи дека Русија паднала во се подлабока изолација, додавајќи дека „само Кремљ може да одлучи да го промени тоа“.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети