Натправарот кој се најавуваше и политизираше со денови наназад помеѓу репрезентациите на Албанија и Србија заврши со 2:0 за гостите.
Двата гола Србите ги постигнаа во продлжението на натправарот, еден постигна Александар Коларов во 91 минута, а вториот гол го постигна Адем Љајиќ три минути подоцна.
Ова е претпоследен натправар во квалификациите за Европското првенство 2016 година, а во текот на целиот натправар немаше многу фудбал. И двете репрезентации поради големите тензии играа премногу внимателно така што речиси во целата игра не беше видена ниту една добра прилика за гол. Србија од претходно веќе немаше шанси за пласман на Европското првенство, а Албанија ја игуби таа шанса по вечерашниот пораз.
Натправарот помина со големо полициско обезбедување на стадионот и во Елбасан.