Јанева очекува Советот на јавни обвинители да го избере тимот што таа го предложи

Од:

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева најдоцна до утре ќе ги достави документите кои ги побара Советот на јавни обвинители за да ги избере нејзините помошници. Станува збор за општиот работен, персонален и финансов план, соопшти денеска Канцеларијата на Јанева.

– Воедно е изразено уверување дека Советот ќе пристапи кон доследна примена на законските одредби и кон имплементација на доставените планови, а  во смисла на член 9 став 2 од Законот за јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите, ќе ги избере кандидатите кои Специјалниот јавен обвинител ги предложил од редот на постојните обвинители, се наведува во соопштението.

На списокот се јавните обвинители Лиле Стефанова, Фатиме Фетаи, Артан Ајро, Бајрам Рустеми, Гаврил Бубевски, Дарко Јакимовски, Елизабета Јакимовска, Лејла Кадриу, Ленче Ристовска, Љубомир Лапе, Маре Ѓорѓева, Снежана Бундалевска, Стефчо Дончев и Трајче Пеливанов.

Кандидатите во најголем дел се од Куманово, Тетово и Скопје, а еден е од Обвинителството за организиран криминал.

Би можело да ве интересира

Пандов: Јанева има право пак да побара да работи надвор од затворот, нека побара

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од затворот „Идризово“

Катерина Ѓуровски

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Пендаровски одби да ја помилува Катица Јанева

A1on

Врховен им ги потврди затворските казни на Катица Јанева и Бојан Јовановски за „Рекет“

Кристијан Ландов

Судењето за милионот одложено, сведоците не дојдоа, тужените бараа да се суди без нив

Ландов