Време е за најдобра зимница …
Потребно е:
1 кг дуњи
200 мл вода
1,25 кг шеќер
1 лимон
3 лажици излупени и исецкани бадеми
Подготовка:
– Исцедете го сокот од лимон. Излупете ги дуњите, отстранете им ги семките и крупно изрендајте ги. Веднаш полијте ги со сокот од лимон за да не потемнат.
– Во садот во кој ќе го варите џемот ставете го шеќерот, сипете ја водата и оставете да се вари на умерена температура додека да се растопи шеќерот.
– Додадете ги изренданите дуњи и продолжете со варењето додека сокот не стане густ како мед.
– На крај додадете ги сецканите бадеми.
– Готовиот џем сипете го во врели стрилизирани тегли, затворете ги со метални капаци и свртете ги од опачината. По 10-тина минути превртете ги и оставете ги да се изладат.