Од дрвокрадци во Тетовско одземени 15 метри кубни дрва

Од:

Над 15 метри кубни нелегално исечени огревни дрва одзеле полицијата и Шумската полиција во два случаи, откриени вчера во Тетовско.

Како што информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, поголемата количини или околу 14 метри кубни буково и дабово дрво биле откриени околу пладне во дворот од куќата на Ф.А.(38) во тетовското село Јажинце.

– Бидејќи сопственикот не поседувал никаква документација за исечените дрва тие со потврда биле одземени од полицијата и предадени на Шумската полиција, додека Ф.А. бил приведен во полициското одделение во Теарце и по извршениот разговор бил пуштен, рече Јосифовски.

Во вториот случај, синоќа околу 21 часот полицајци од полициската станица Групчин запреле патничко возило „Ланчија либра“ без регистерски таблици. Возилото било натоварено со метар кубен дабови дрва, а го управувал Ф.С.(58) од Бојане. Во возилото се наоѓал и сопатникот Ф.Р.(39) од Чифлик.

Јосифовски истакна дека и во овој случај лицата во возилото немале документи за исечените дрва поради што биле приведени и по разговорот со нив биле пуштени. Дрвата биле одземени, фото документирани и предадени на Шумската полиција за натамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари