Ирак може да побара од Русија воздушни напади врз Исламска држава (ИД) на негова територија и сака Москва да игра поголема улога од САД во војната против терористичката групација, изјави денеска претседателот на ирачката парламентарна Комисија за одбрана и безбедност, Хаким ал Замили.
– Ние може да бидеме принудени да ја замолиме Русија да преземе воздушни напади во Ирак во брзо време. Следните денови или недели Ирак ќе биде принуден да ја замоли Русија да изврши воздушни напади и тоа зависи од успехот во Сирија, рече Ал Замили.