Брза лења пита со јаболки

Од:

Совршенството на едноставности на овој колач му дава посебен шмек …

Потребно е:
за тестото:
2 чаши (од 200 мл) брашно
1 чаша шеќер
1 чаша млеко
1/2 чаша масло
1 јајце
1 прашок за пециво

за филот:
1,5 кг јаболки
околу 1 чаша шеќер (во зависност колку се кисели јаболките)
1 лажиче цимет
1 ванилин шеќер

Подготовка:
– Јаболките излупете ги и изрендајте ги на крупно ренде. Посипете ги со шеќерот, додадете и цимет, измешајте и преминете на подготовката на колачот.

– Во еден сад измешајте ги сите состојки за тестото и изматете ги со миксер.

– Во намастена и посипана со малку брашно тава за печење (23х32 см) сипете половина од тестото и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 10 минути. Тестото треба да биде до пола печено.

Брза лења пита со јаболки1

– Извадете ја тавата од рерна и над тестото распоредете ги јаболките заедно со течноста што ја пуштиле.

Брза лења пита со јаболки2

– Над јаболките сипете го вториот дел од тестото и вратете ја тавата во рерна да се допече уште 30-тина минути, односно додека колачот не добие убава златно-жолта боја.

– Печената лења пите оставете ја да се излади, исечете ја коцки, посипете со шеќер во прав и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска