Фоменко: Со победа над Македонија имаме огромни шанси за пласман на ЕП

Од:

Селекторот на фудбалската репрезентација на Украина Михаил Фоменко за петочниот дуел во Скопје против Македонија вели дека е од големо значење и дека со евентуален триумф над „црвено-жолтите“ на неговите избраници би им донел најверојатно пласман на Европското првенство 2016.

– Би сакале да одиме на ЕП. Постои можност, па зошто да не ја искористиме? Ако ја победиме Македонија дополнително ќе си ги зголемиме шансите да одиме во Франција, затоа што ќе имаме максимален учинок и воедно ќе ја подобриме разликата во однос на другите селекции кои се борат за тоа трето место. Ќе одлучуваат нијанси, но не зависи се само од нас, изјави  Фоменко.

Украина по осум одиграни рунди е на 3.место во групата Ц со 16 бодови и гол-разлика 12:3, што во пресрет на 9.коло ја прави најдобра трето пласирана селекција од десетте квалификациски групи.

Македонија со три бода е последна во групата.

Натпреварот Македонија – Украина се игра на 9 октомври во Скопје на „Филип Втори“ со почеток во 20 часот и 45 минути.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска