Мурињо пред нова казна од ФА

Од:

Фудбалската асоцијација на Англија започна нова постапка против тренерот на Челзи Жозе Мурињо.

Португалецот е обвинет за недолично однесување заради неговите коментари за судењето по натпреварот со Саутемптон минатата сабота, кога неговиот тим загуби со 1:3 на „Стемфорд Бриџ“.

Мурињо по натпреварот  рече дека судијата Роберт Медли не досудил чист пенал за Челзи при резултат 1:1 откако голманот Мартен Стекеленбург стартуваше над Радамел Фалкао.

-Резултатот беше 1:1, кога имаше голем, огромен пенал, а ние уште еднаш не добивме пенал. Тој пенал беше клучен момент на натпреварот при резултат 1:1.  И ќе повторам, Ако Фудбалската асоцијација сака да ме казни, може да ме казни. Тие не казнуваат други менаџери, ме казнуваат само мене, но тоа не е никаков проблем, рече Мурињо.

Португалецот има  рок до четврток да достави писмена изјава до ФА во врска со неговото однесување, но сигурно го очекува парична казна, а можеби и суспензија.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска