Милошоски: Заев го најави новиот 15 септември

Од:

Зоран Заев денеска го најави новиот 15. септември. Многу зборови, многу пароли, многу ветувања, а никакви резултати, рече на прес-конференција Антонио Милошоски член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ во однос на проектот „Визија за Македонија“ кој денеска го објави лидерот на СДСМ.

– Зоран Заев е соочен со изборен пораз кој му претстои и кој нема да може да го правда со никави лаги и манипулации во април следната година. Нема избор, мора да ветува се, за бар да се спаси себе и својата функција во СДСМ, истакна Милошоски, според кого раковотството на СДСМ е исплашено од големиот број конкретни мерки и проекти кои ги спроведува оваа Влада.

Денешната најава на СДСМ, рече Милошоски, е нешто што ВМРО-ДПМНЕ го прави веќе десетина години, пред и на секој изборни циклуси. – Десет години спремаме програми и тоа го правиме со граѓаните, ги сослушуваме нивните потреби, ги вклучуваме во проекти даваме рокови и работиме на нивно остварување, истакна Милошоски.

Според него, Заев ја лаже сопствената држава.

– Најави 30 нови фабрики и 3000 нови работни места во Струмица. Но ништо не е исполнето. Најави нов мултифункционален пазар, кој се уште не постои. Вети сала за концерти и саеми во Струмица, но истата не ја гледаме, рече Милошоски.

Разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, според Милошоски, е тоа што ВМРО она што го ветува го одработува и го остварува.

– Денес СДСМ се однесува како престапник кој се вратил на местото на злосторот за да види дали ја завршил сопствената работа. Зборуваат за одговорна власт, а во Струмица владеат како клан, одлуките ги носат во круг на семејството Заеви и нивните бизнис партнери. СДСМ зборува за правилна распределба на доход, оние кои создадоа 12 богати тајкуни во Македонија и 50 проценти сиромашни луѓе. СДСМ и Заев зборуваат за развој на домашни капацитети, а тоа е партијата која затвори 684 фирми и фабрики и остави без работа 200.000 граѓани, неведе Милошоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница