Богдановиќ до Јакимовски: Кодошите и предавниците никој не ги сака

Од:

Саша Богдановиќ, директор на ЈП ПОЦ, реагира на изјавата на градоначалникот на општина Карпош. Стевчо Јакимовски обвинува дека симпатизери биле развезувани со возила на ЈП ПОЦ, за да се потпишат на иницијативата за референдум за ДУП-от во Карпош.

Еве што напиша Богдановиќ:

Почна да му се случува, „Карпошово востание“ и сега сите му се криви. Допрва ќе му следат вакви работи на Стевчо. А за тоа што ме спомнуваш ќе си добиеш пријава па ќе се видиме на суд. Не заборавај дека имаме доста материјали за тебе и товето работење кои допрва ќе излегуваат. Кодошите и предавниците никој не ги сака. Можеби затоа ќе идеш за пратеник сега во април за да се спасиш, ама делата ти се над 6 месеци така да ни тоа не ти помага. Предавниците и кодошите и луѓето кои играат на две страни, никој не ги сака и тие секогаш први страдаат.

Би можело да ве интересира

Дисциплинска за двајцата полицајци од обезбедувањето на Сиљановска-Давкова кои рекле дека „поршетo“ е на МВР

Горан Наумовски

Казнет возачот на „поршето“ непрописно паркирано во Дебар Маало, внатрешна контрола го проверува полицаецот што беше на настанот

Катерина Ѓуровски

Герасимовски: Полицијата, а не ПОЦ, одбивала да го подигне возилото, МВР да ги санкционира

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Паркинг драма во Дебар Маало: Граѓани ја принудија пајак службата да крене луксузно возило

Катерина Ѓуровски

Јакимовски: Само една зграда во Општина Карпош е онака како што бара законот

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош