Младите од Локалниот клуб на СДММ од Велес денеска организираа активност преку која ги претставија вистинските „споменици“ што оваа власт им ги остави на студентите – руинираните студентски домови.
„Во центарот на градот граѓаните имаа можност да ја видат разликата. Додека студентот во Македонија нема основни услови за живот власта во заминување си прави луксузно партиско седиште.
Застрашувачки факт е што затворите во Норвешка се подобри од студентските домови во Македонија.
Беа повторени и решенијата на СДСМ од Програмата, кои гарантираат драстично подобрување на состојбата со студентските домови.
1.Целосно нов Студентски град;
2.Целосна реконструкција на постоечките домови;
3.Градовите кои се седишта на државните универзитети да добијат нови студентски домови.
Ова се остварливи мерки, кои ќе бидат спроведени после април 2016 година!“, порачаа од СДММ – Велес.