Британската војска му оддаде почит на кучето, обучено за барање експлозив, кое загина во Авганистан, непосредно по загинувањето на неговиот војник, партнер.
Кучето од расата Спрингер шпаниел, по име Тео, постхумно е одликувано со медалот Дикин, највисокото признание за кучиња херои.
Како што пренесува агенцијата Ројтерс, Тео во Авганистан бил пет месеци заедно со помладиот војник Лијам Таскер, кој загинал во судирите со авганистанските бунтовноци во март 2011-та година.
Тео починал неколку часа подоцна во британската воена база, како последица од стресот.
Медалот Дикин за храброст се доделува на животните од 1943-та година.