Во организација на ЈУ Детски културен центар „Карпош“-Скопје, а во соработка со Град Скопје и Министерството за култура по 24-ти пат во Скопје ќе се одржува Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро без граници 2015“.
На фестивалот ќе учествуваат детски фолклорни ансамбли од Грузија, Турција, Србија, како и пет македонски ансамбли.
Свеченото отворање на фестивалот „Оро без граници 2015“ е денеска во 17:00 часот на платото кај споменикот на Гоце Делчев во Градски парк, по што ќе следи настап на сите фолклорни групи кои учествуваат.
Како што информираат организаторите, фестивалот ќе биде затворен утре попладне со настап на гостите и на домашните фолклорни ансамбли.