Нетанјаху: Говорот на Абас е „полн со лаги и подбуцнувачки“

Од:

Говорот на палестинскиот лидер Махмуд Абас пред Генералното собрание на ОН беше „полн со лаги и подбуцнува немири на Блискиот Исток“, соопшти денеска Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

– Очекуваме и ги повикуваме (палестинските) автономни власти и оној што претседава со нив да се однесуваат одговорно и да го прифатат предлогот на израелскиот премиер за директни преговори без предуслови, се наведува во соопштението.

– Фактот што тој повторно ја отфрла оваа можност е најдобар доказ дека Абас не е заинтересиран за постигнување мировен договор, се нагалсува во изјавата на Нетанјаху.

Абас денеска во говорот пред Генералното собрание на ОН најави дека палестинските автономни власти повеќе неможат да се придржуваат до Договорот од Осло, бидејќи Израел продолжува со изградбата на еврејски доселнички населби на окупираните територии.

– Објавуваме дека се додека Израел одбива да ги почитува договорите што ги има потпишано со нас…, ние немаме друг избор, освен да истакнеме дека нема да останеме посветени на спроведувањето на овие договори, се додека Израел постојано ги крши, изјави Абас.

Би можело да ве интересира

Ганц: Нетанјаху го одби советот порано да влезе во Рафах

Горан Наумовски

Израел: Демонстрантите бараат итен договор за заложниците

Пронајдено телото на Шани Лук

Предраг Петровиќ

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Катерина Ѓуровски

Израел мора да увезе повеќе од 300.000 странски работници поради војната во Газа

(ВИДЕО) Протести во Тел Авив, се бара ослободување на заложниците: Владата нема поим што прави