„ВМРО-Народна партија пред македонската јавност излегува со свој коментар на се позачестените информации за резултатите од законскиот проект наречен трето дете, со кои финансиски се стимулира повеќедетното семејство во Македонија. На прв поглед ова секого би го израдувало меѓутоа ако се направи подлабока и сеопфатна анализа ќе видиме дека состојбите не се така розеви како што изгледаат.
ВМРО-Народна партија поради ова бара, од моментот на профункционирањето на овој закон па до денес, да се објави вкупниот број на ново родени трети деца во семејствата врз основа на етничката и верска припадност. Нашите анализи покажуваат драматични нарушувања во демографските пропорции на штета на македонскиот народ, како резултат на негативните последици од недоволно проучениот, избрзан и не анализиран закон.
ВМРО-Народна партија и понатаму стои на ставот дека ова е најантимакедонскиот закон донесен во Собранието на Република Македонија и затоа бара итно укунување со што ќе се запре процесот кој неминовно води кон статус на малобројно малцинство на македонците во Република Македонија. Сметаме дека подолгорочно опстојување на овој закон ќе претставува силен акцелератор и на сите останати негативни процеси кои сигурно во не така далечна иднина од нас ќе направат ретки примероци на остатоците од еден народ.
Долгогодишниот и упорен молк на надлежните институции во врска со овој проблем јасно потврдува дека сме во право“, се вели во соопштението на ВМРО-НП.