Пудинг од чија семки

Од:

Сакате да уживате во вкусен и здрав појадок, тогаш ова вистински рецепт за вас …

Потребно е:
1/4 чаша (од 200 мл) чија семки
1 1/2 чаша бадемово млеко
2 лажици јаворов сируп
1 лажиче екстракт од ванила
1/2 чаша вишни
3/4 чаша вода
2 лажици бадеми исечени на листови

Подготовка:
– Во еден сад со капак измешајте ги чија семките со млекото, 1 лажица јаворов сируп и екстрактот од ванила.

– Измешајте, затворете го садот и оставете го во фрижидер преку ноќ.

– Во едно тенџерче помешајте ги вишните, водата и 1 лажица јаворов сируп. Ставете го на рингла да се вари и варете го со повремено мешање додека не се згусне. Тргнете го на страна и оставете го да се излади.

– Утредента смесата со вишни прелијте ја над чија семките и послужете.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска