Вкупно 15.000 аранжмани и осум чартер летови Виена-Охрид се продадени за наредната пролет, соопшти туристичката агенција „МакСан-Травел“, австриско-македонска компанија на Туристичкиот саем на тур-опереатори во Виена, каде што Македонија ги презентираше туристичките потенцијали.
Оваа бројка е за три пати повеќе од реализираното оваа година. Македонија е вклучена во каталозите на австриската компанија „Клуг туристик ГмбХ“, партенр на „ТУИ рајзе центар“. Сопственикот на компанијата вели дека на таков чекор се одлучил следејќи го интересот на австриските туристи и позитивните искуства на „Мак Сан Травел“.
Манифестацијата беше отворена само за деловни партнери, тур оператори и хотелиери.