Владата ќе субвенционира решавање спорови со медијација

Од:

Државата, од почетокот на наредната година, ќе ги плаќа првите четири часа од процесот на медијација, во износ од 15 до 25 евра, според сегашниот тарифник, за да се решаваат споровите со оваа постапка, соопшти владиниот портапрол Александар Ѓорѓиев. До крајот на годината и во текот на наредната ќе се направат измени во Законот за медијација и Законот за бесплатна правна помош за да се дефинираат услови и критериуми на субвенционирањето.

„Рамката во која ќе се движат измените претпоставува покривање на финансиските трошоци на страните за медијација за остварување на максимум првите 4 часови од процесот на медијација и тоа во висина од трошокот на медијацијата по час кој би изнесувал од 15 до 25 евра.

– Ќе се субвенционира само медијација пред започнување на судската постапка, а не онаа која би била побарана во рамките на веќе тековна судска постапка. Трошоците ќе бидат обезбедувани од Буџетот.

– Бенефициите на системот на државата, пак, се уште поголеми бидејќи не се активира судскиот систем и се остава повеќе простор и време за решавање на навистина спорни ситуации и предмети, за кои е оправдано да се активира судскиот механизам, што значи заштеда и на време, и на пари и на кадар во судството.

– Холандската практика покажува дека за остварување на поголема ефикасност и ефективност на медијацијата од исклучително значење е медијаторот да поседува специфични знаења, вештини, искуство и компетенции. Тоа помага медијаторот да ја увиди суштината на спорот, афинитетот на странките и да изнајде балансирано решение кое би било прифатливо за странките и да го реши спорот“, изјави Ѓорѓиев.

Во Република Македонија има 167 медијатори, кои во изминатите три години решиле само 20 случаи со медијација.

„Секој посетител на обука за медијатори, нема да може да стане медијатор, туку само оние кои ќе поминат позитивно на независната процена. При изработка на законските измени во Законот за медијација, за потребно ќе се наметне вградување на квалитативни критериуми за медијаторите, односно поседување соодветно образование, комуникациски вештини, професионална етика, менаџирање конфликт, балансирање на моќ, правичност“, рече Ѓорѓиев и додаде дека степенот на знаење би се регулирал преку специјализирани тестови.

 

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

A1on

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи