НАСА: На Марс е пронајдена вода во течна состојба

Од:

После многу нагаѓања, НАСА официјално денеска соопшти дека е откриена вода во течна состојба на Црвената планета.

Научниците открија дека на Марс постојат кањони низ кои тече вода во текот на летните месеци. Тоа значи дека шансите да се пронајде некаков облик на живот на оваа планета се многу големи.

НАСА забележа долга темна трага која водата ја остава на планините на Марс, а тоа е поткрепено и со сателитиските снимки.

Се забележува како горниот дел од планетата е потемен од долниот, а научниците утврдија дека тоа е поради водата која во текот на летните месеци тече низ планините, додека во есен и зима истите страни на планините се суви.

760038845560965dcef925716658687_v4_big

Водата која е откриена од страна на летечкиот објект МРО на НАСА, може да се создава со топење на сантите мраз кои настануваат во процесот во кој солта извлекува влага од атмосферата на Марс или пак од подземните резервоари на вода.

НАСА на почетокот на годинава објави дека на Марс во минатото веројатно имало големо море слично на Атлантскиот океан, но со текот на времето 87 проценти од водата испарила во вселената.

Ако се знае дека животот на Земјата настанал од водата, односно дека водата е совршено место за создавање на живот, тогаш се зголемуваат шансите научниците на Црвената планета да откријат дека во минатото таму постоел живот или пак дека се уште постои.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Кина: Најдовме геометриски форми под површината на Марс

Предраг Петровиќ

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ